Прејди на содржината

Венко Андоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венко Андоновски
Роден Венко Андоновски
30 мај 1964(1964-05-30)(60 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Занимање македонски писател, раскажувач, романописец, есеист, критичар и книжовен теоретичар.

Венко Андоновски (Куманово, 30 мај 1964) — македонски писател (романописец, раскажувач, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултетБлаже Конески“, во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[1][2][3]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Творештвото на Андоновски е богато и се состои од поезија, раскази, романи, драми, есеи и книжевна критика. Тој е еден од најчитаните македонски писатели во 21 век: неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски итн.[4]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Негови најважни дела се:[5][6]

Поезија:

  • Нежното срце на варварот, (1986).

Раскази:

  • Квартот на лиричарите (1989),
  • Фрески и гротески (1993).
  • Припитомување на кучката (2018)[7]

Романи:

Драми:

  • Адска машина (1993),
  • Бунт во домот за старци (1994),
  • Словенскиот ковчег (1998),
  • Црни куклички (2000),
  • Папокот на светот,
  • Кандид во земјата на чудата (2001),
  • Кинегонда во Карлаленд (2006),
  • Граница (2008),
  • Светица на темнината (2010),
  • Олово на перница (2010),
  • За секого има по една,
  • Генетика на кучињата,
  • Ана Каренина — македонска приказна,
  • Исус на Масада,
  • Господарот на кукавицата,
  • Јов

Критика и културологија:

  • Матошевите ѕвона (1996),
  • Текстовни процеси (1997),
  • Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
  • Дешифрирања (2000),
  • Воскресението на читателот,
  • Обдукција на теоријата — Жива семиотика (том 1)
  • Обдукција на теоријата — Наратологија (том 2)
  • Зеницата на Македонија (Историја на македонската светлина), заедно со Глигор Стојковски
  • Достоевски и Мекдоналдс (2019)[8]

Филмски сценарија:

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:[2][3][5]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 24.
  2. 2,0 2,1 „www.blesok.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2010-09-16.
  3. 3,0 3,1 „Филолошки факултет“. Архивирано од изворникот на 2018-02-18. Посетено на 2010-09-16.
  4. Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343-344.
  5. 5,0 5,1 Венко Андоновски, Папокот на светот. Скопје: Три, 2019, стр. 343.
  6. 6,0 6,1 6,2 Венко Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 2022“ (пристапено на 6.2.2023)
  7. „Промоција на „Припитомување на кучката" на Венко Андоновски“. Нова Македонија. Посетено на 21 јануари 2019.
  8. „Венко Андоновски има нова книга, насловот е „Достоевски и Мекдоналдс". Слободен печат. 17 октомври 2019. Посетено на 2 ноември 2019.
  9. „Доделени книжевните награди за минатата година“. Макфакс. 7.02.2022. Посетено на 7 февруари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)